Ново брутално убиство ја потресе Македонија. По смрта на младиот фудбалер Мартин Јанушев кој беше застрелан во глава пред три дена, извршено е уште едно убиство на овој начин.
Во текот на вчерашниот ден, односно околу 07,00 часот на патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, во сопственото возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34) од Ресен со прострелна рана во пределот на главата.
Во внатрешноста на возилото пронајден бил пиштол марка „ХС“ калибар 9мм и најверојатно станува збор за самоубиство. Смртта е констатирана од итна медицинска помош и увид е извршен од екипа на Секторот за внатрешни работи Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.