35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Се сеќавате ли на Џибрил Сисе? Еве каде и што работи

Џибрил Сисе, некогаш талентираниот фудбалер на кој повредите му ја уништија кариерата, после фудбалот се одлучи да се занимава со музичкиот бизнис. Французинот работи како диџеј и музички продуцент, а воедно има и сопствена линија на облека.

“Го обожавав животот како фудбалер, само тоа и го работев во животот досега. Би сакал да можев да продолжам со фудбалот, но морав да завршам со кариерата. На теренот секогаш давав се од себе, со таа пракса ќе продолжам и во новата работа“, рече Сисе по завршувањето на кариерата.

Фото

Тој настапи за 11 клубови, а најдобри натпревари имаше меѓу 2004. и 2007. година во дресот на Ливерпул. Да немаше тешки повреди, можеби денеска ќе го гледавме на терените, а не на миксетата во некој клуб.

Французинот е познат по тетожавите, но и по семејното насилство. Тој најави идна соработка со најголемите светски музички ѕвезди.

Фото

поврзани објави

Последни објави