11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Трамп: Сигурно би бил отворен за состанок со севернокорејскиот лидер

Претседателот на САД  Доналд Трамп изјави дека „сигурно би бил отворен“ за состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

– Би се сретнал со секого за кого мислам дека треба. Не мислам дека тоа е сила или слабост. Мислам дека средбите со луѓе не се лоша работа, Така да сигурно би бил отворен за такво нешто, истакна Трамп во интервјуто емитувано синоќа на американската информативна програма „Полна мерка“, одговарајќи на прашањето дали би се сретнал со Ким.

Трамп во моментот е во посета на Јапонија, една од петте земји кои ќе ги посети за време на 12-дневната азиска турнеја. Тој ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини, при што со лидерите на тие земји ќе разговара и за координирана политика кон Северна Кореја.

поврзани објави

Последни објави