16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Сеад Кочан влегува во суд – почнува предметот „Труст“

Во кривичниот суд денеска ќе се одржи првото рочиште во случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, заедно со Василије Авировиќ и уште едно лице за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Се работи за тендер што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра. Во „Труст“ се обвинети фирмите: „Транс Mет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани. Oбвинетите доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

поврзани објави

Последни објави