Утрово група напаѓачи активираше експлозивна напреава пред зградата на приватната телевизија во Кабул, Шамшад, а потоа влезе и во редакцијата.
Тамошните локални медиуми пренесуваат дека откако напаѓачите влегле во зградата на телевизијата, отвориле оган врз вработените. Првичните информации говорат дека има убиено неколку новинари, а најмалку 20 вработени се повредени.
Очевидци велат дека некои од вработените, со цел да се спасат, скокале од прозорците.
За нападот се уште никој не ја презеде одговорноста.