13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Црна Гора не се сомнева дека Русија стои позади обидот за преврат пред една година

Црна Гора и НАТО не се сомневаат дека Русија стои зад обидот за државен удар во октомври 2016 година, изјави министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ.

“Што се однесува до нас и нашите партнери од НАТО, никој не се сомнева во тоа што стана минатата година на денот на изборите. Со жалење треба да констатирам дека во тоа учествуваа припадници руските тајни служби “, рече првиот дипломат во Подгорица. Дармановиќ истакна дека односите на Црна Гора и Русија се на “премногу ниско ниво” и “има основи за подобрување на односите, ако Русија не се меша во претстојните избори” (за претседател). Во случајот за обидот  за преврат се обвинети лидерите на опозицискиот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ и возачот на Мандиќ Михајло Чаџеновиќ, Русите Едвард Шишмаков (Широков) и Владимир Попов и деветмина Срби. На 6 ноември 2016 главниот обвинител на Црна Гора Миливоје Катнич изјави дека група српски државјани, Црногорци и Руси се обиделе да извршат државен удар на 16-ти октомври. Според Катнич организатори се националисти од Русија, кои сакале да го сменат власта во земјата не по патот на избори, а со сила.

поврзани објави

Последни објави