Нашиот бунт против овој закоравен бивш режим нема да престане додека не го трнеме секој коров кој го посееја во Република Македонија. Ние како Обединети за Македонија дадовме поддршка на Зоран Заев, на човекот со лавовско срце,му дадовме поддршка зошто проценивме дека тој има сила да ги сруши Груевски и фамилијата.
Бошковски истакна дека нивната проценка била исправна, сега не е време да се докажувало кој е лево, кој е десно, а кој е во центарот.
„Треба да бидеме обединети во борбата, како што сме ние во Обединети за Македонија“, рече Бошковски на отварањето на новиот централен штаб на партијата во Скопје.