Опозициската ВМРО ДПМНЕ денес одржа нова прес-конференција во која повторно ја прозва владеачката СДСМ. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме соопштението:
Почитувани, СДС ги излажа и младите специјализанти.
Покрај докторите од клиниките, кои не го добија ветеното покачување на платите до 100.000 денари, СДС ги излажа и младите специјализанти.СДС ветуваше плата и придонеси за приватните специјализанти, и НЕ го исполни ветувањето.
СДС во познатиот манир на празно ветување и манипулирање со јавноста, за 100 дена влада напразно зборуваше дека специјализантите заслужуваат да бидат платени. Од тогаш поминаа 2 месеци, специјализантите се уште заслужуваат да бидат платени, но од ветувањето на СДС не е реализирано ништо.Во буџетот за 2018 година не се предвидени средства за плата и придонеси за младите специјализанти.
СДС ги остави на цедило младите специјализанти, како што ги остави и докторите специјалисти од клиниките на кои напразно им ветуваше плата од 100.000 денари.
Дополнително, СДС не продолжи да ги реализира ниту кофинансираните специјализации кои ги отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ и со кои државата покриваше најголем дел од надоместокот на младите специјализанти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави вкупно 5 огласи за кофинансирани специјализации за дури 345 специјализации во бројни медицински области.
СДС и оваа група на специјализанти ја остави на цедило.Само за споредба, владата на ВМРО-ДПМНЕ десеткратно го зголеми бројот на специјализации кои се доделуваа на годишно ниво, за разлика од претходно. ВМРО-ДПМНЕ за првпат овозможи специјализација на доктори во реномирани медицински центри во странство како Германија, Хрватска, Србија и други земји. И што е уште поважно, владата на ВМРО-ДПМНЕ значително ја намали цената на приватни специјализации за 20%.Дали СДС ќе исполни некое ветување или ќе продолжи со лаги и манипулации да ги поткупува здравствените работници?