Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), владеачката парија посочи дека заврши времето на поранешната влас предводена од ВМРО ДПМНЕ, како и методите што беа користени за партизација на државните институции.
Во продолжение, интегрално ви го пренесуваме дописто од СДСМ:
„Не постои поголема партизација на државните институции од онаа што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше 11 години кога државните институции наместо во интерес на граѓаните, работеа единствено во интерес на Никола Грувски и неговите соработници.
Времето на партизација на институциите и притисоци врз вработените во администрацијата заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Реформскиот процес во државната администрација продолжува и обезбедува независни, професионални и ефикасни државни институции кои работат во интерес на граѓаните и во служба на законите“, стои во дописто.