13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Дебата за трансформацијата на УБК и прислушкувањето

Дебата насловена „Безбедносни дијалози за процесот на трансформација на Управата за безбедност и контраразузнавање и механизми за контрола на следење на комуникациите“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Факултетот за безбедност.
На дебатата ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски.
Целта на настанот е презентација на моделот и механизмите за контрола на следење на комуникациите и отворање на дебата за понатамошниот процес на трансформација на Управата за безбедност и контраразузнавање согласно планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави