Манчестер Јунајтед постави услов кој Реал не сака да го исполни, тие не сакаат Бејл да биде дел од договорот за Де Геа, туку Варане, што е невозможна мисија.
Поради тоа Флорентино Перез е принуден да се откаже од својата опсесија, новиот голман на Реал по се изгледа ќе биде Кепа од Билбао.
Нему му истекува договорот на лето, но Реал сака да заврши работа во јануари и да ги обештети Баскијците, како би можел младиот чувар на мрежата да брани и во текот на пролетта. Тие наводно понудиле 20 милиони евра и да го остават голманот на позајмица до јуни.
Голманот на Атлетико е баран и од Арсенал и Јуве, но се чини дека Реал веќе се одлучни и дека во новата сезона тој ќе биде нивниот вистински голман.