Утрово избувнал силен пожар во Штип, на улицата „Мирче Ацев“ при кој што изгоре семејна куќа, а по интервенција на пожарникарите пожарот бил запрен.
Од МВР информираат дека пожарот избувна изутрина во 4 часот, а причина било неправилно изведената електрична инсталација. За среќа повредени нема.