Патниците во Германија први ќе можат за четири години да патуваат со возови на погон на хидроген. Француската компанија Алстом соопшти дека е потпишан договор за испорачување на 14 такви возови на железничката компанија ЛНГВ чие седиште е во германската сојузна државан, Долна Саксониа.
Споменатите возови на хидроген, ќе започнат со сообраќај помеѓу неколку градови на северот од Германија од декември 2021 година.
Компанијата Алстом соопшти дека возовте кои ќе имат име „Coradia iLint“, ќе можее да патуваат до 1000 километри со максимална брзина од 140 километри на час.
Хидрогенскиот мотор испушта само водена пареа и се смета за превозно средство кое најмалку ја загадува животната средина.