Новинар на италијанската РАИ беше физички нападнат и претепан за време на среде интервју што го регистрираше и камерата.
Напаѓачот по име Роберт Спадо е брат на италијански мафијас Кармин кој во 2016 година беше осуден на 10 години затвор поради изнудување пари и злосторничко здржување.
Новинарот беше нападнат по прашањето до Спадо за неговото пријателство со претседателот на неофашистичкото движење, Казапаунд .
https://twitter.com/messicano69/status/928365938784849920
Напаѓачот го удри со глава, а потоа и со метална шипка, па се нафарли и кон камерманот. Обвинителството во Рим веќе отвори истрага, па на напаѓачот му се заканува затворска казна до 3 години.
Сепак, насилникот и натаму е на слобода и не е приведен бидејќи според тамошните закони, притвор следува доколку оштетениот по болничкиот преглед добие 20 дена боледување поради тешките телесни повреди.