6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Растечки Џек Пот

Растечки Џек Пот (коцкарска награда или огромна добивка) кој се зголемува со секоја изигра игра, доколку не е освоен. Кога ќе биде освоен тогаш за следната игра тој се ресетира на основната вредност. Растењето после ресетирање се одвива нормално како и претходниот пат.

За многу слот машини и видео покер карактеристика е растечкиот Џек Пот. Тој се зголемува со секое играње. Па така групно поврзаните машини прават Џек Потот да расте многу брзо и да стигне до енормни цифри.

Зголемување на растечки Џек Пот

Растечкиот Џек Пот се зголемува со секоја игра на секоја поврзана слот машина. Зголемувањето и висината на истиот зависи од казиното или уште познато и како „од куќата“. Машините обично ја покажуваат висината на Џек потот. Како и кој го освоил откако ќе биде освоен. Исто така ја покажуваат и ресетираната вредност, откако некој ќе го освои. Исто така зголемувањето се прикажува на некој телевизор или лед табла.

Џек Потите

Дали сите кои играат може да го освојат Џек Потот

Квалификацијата секогаш е различна и зависи од казиното. Обично се нуди на играчите кои играат на максимум број кредити по игра. Но за висината на Џек потот придонесуваат сите играња, без разлика дали се минимум или максимум. Доколку се квалификувате за Џек Пот тогаш може да го освоите со највисоката добивка или пак со 5 знаци на слот машина. Но сепак тоа зависи од казиното  и на кој начин е спроведен. Има казина во кои сите се квалификувани за освојувањето на растечкиот Џек Пот.

Има играчи кои играат само за освојување на растечки Џек Пот. Но, казиното се уште прави профит, од оние кои претходно не го освоиле. Па така со одлична стратегија и проценка може да се вклучите во трката за Џек пот во вистинско време. И на тој начин со мали вложувања да дојдете до премијата. За да освоите мора да имате и доза на среќа, затоа што сепак во „трката“ се вклучени и други играчи.

поврзани објави

Последни објави