Мики Георгиев, познат како Blendimore е млад и перспективен DJ/Продуцент од Делчево кој себеси се опишува како „фрик“ кој ужива во експериментирање и откривање на нова музика. Има само 17 години, а со својата нова трака „Aporia“ го привлече своето внимание на македонската клабинг сцена.
Своето запознавање со електронската музика го бележи 12 години, а себеси се пронаоѓа во звуците на Techno и Tech House музиката. Започнува со настапи на локални журки, а подоцна почнува да го шири своето влијание во повеќе барови и дискотеки ширум државата. Со својата појава ветува огромен успех, работи на многу проекти, а „Aporia“ е само дел од тоа што тој го подготвува.
Неговото име полека но сигурно добива на тежина, па во блиска иднина како што вели тој, се надева на поголеми настапи пред поголема публика. Му посакуваме голем успех, а Вас ве оставаме да уживате во звуците што тој ни ги приредува.