Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис в четврток доаѓа во Скопје на средба со скопскиот градоначалник Петре Шилегов на која ќе се договара поблиска соработка меѓу двата града, објави „Катимерини“. Бутарис во Скопје ќе има средба и со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според него, целта на посетата на Скопје е да се изградат најдобри можни односи меѓу двата града. Бутарис не сака да го коментира спорот за името пред посетата на Скопје, иако, како што потсетува „Катимерини“, во минатото се изјаснил дека е за сложено име како можно решение.