Висар Ганиу од ДУИ е новиот градоначалник на Чаир. Тоа стана јасно по прегласувањето во Општина Чаир во изборната единица 2901, според официјалните резултати на Државната изборна комисија. На прегласувањето победи кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу со освоени – 169 гласа. Кандидатот на БЕСА, Зеќирија Ибрахими освоил – 98 гласа. На гласањето излегле 272-ца гласачи, односно 37,83 насто. Од ДИК информираа дека гласањето се одвивало непречено во текот на целиот ден. Додека ДУИ ja слави победата во Чаир, БЕСА се пожали на изборни нерегуларности, обвинува дека се вршеле притисоци на граѓаните да не одат на гласање.