Најмалку 11 полициски службеници заработија отказ поради упадот во собранието, односно во јавноста познаткако „крвавиот четврток“.
Од засега неофицијални извори, се вели дека најголем дел од отпуштените се од 6-управа, но има и такви кои биле вработени во УБК.
Претходно, уште по немилиот настан отказ заработија и неколку членови вработени како обезбедување во собранието.
Информациите говорат дека ова нема да бидат единствени откази, па како ќе се одвива истрагата, така ќе следат и нови.