13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Разорен земјотрес на границата помеѓу Ирак и Иран – околу 400 луѓе загинаа

Повеќе од 380 лица го загубија животот, а повредени се најмалку 6000 луѓе по земјотресот со јачина од 7.3 степени кој во изминатата ноќ го погоди граничниот регион помеѓу Ирак и Иран.

Американската геолошка агенција, УСГС објави дека жестокиот потрес бил најблизу до градот Халабјан, југоисточно од Сулаиманиах кој што е во полу-автономниот курдски регион на север од Ирак.

Земјотресот кој се осетил дури до Катар се случил во 9:18 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од 33.9 километри.

 

поврзани објави

Последни објави