Познатиот тв водител, учесник во „Шарената револуција“ и активист за човекови права, Огнен Јанески преку својот facebook профил го праша премиерот Заев, до каде е постапката за именување на нов министер за здравство и кои чекори ќе бидат преземени за опоравување на овој сектор. Ви го пренесуваме статусот на Јанески во целина:
„Добар ден Влада на Република Македонија и премиере Zoran Zaev.
До каде сте со поставувањето министер за здравство и преземање сериозни чекори кон опоравување на овој сектор?
Зашто со „претходниот“ министер сите бевме со огромни надежи, но по неговиот политички аматеризам и заминување од оваа фотелја, паранојата уште повеќе ни се зголеми. Да се надеваме дека ќе се покаже како подобар татко на општина, отколку на здравјето на сите.
Јас разбирам дека политичките игри се важни во одржувањето на тенката коалиција на власт, но, здравјето на граѓаните е приоритет, кој не смее да се дозволи да биде предмет за преговарање на партиски интереси. Бидејќи досега беше – затоа сме тука денес.
И да, знам дека беше предизборен период во 3 круга, но, останатите министерства (дел од нив) не ја запреа работата, што се гледа преку објавувањата на соопштенија за нивните активности, на официјалните интернет-страници, за разлика од здравството кое функционира на Фејсбук најчесто, преку објави на факти за вакцини, статистики за упатени дијагнози и прегледи и сличнно.
Кога се боревме жестоко против режимот на Груевски, меѓу главните борби беше таа за здравството. И не, не може одеднаш да се промени сe’ или одеднаш да дојде животот и во здравството, но, ваков застој во активности за подобрување на здравствениот сектор е недозволив!
Бидете внимателни во изборот за прв човек на здравството и начинот на кој ќе се раководи и подобрува овој сектор, зашто гневот на овој народ, пред се’ можете да го видите по чекалните на болниците и низ амбулантите. Взаемен гнев може да видите и со медицинскиот персонал и со лекарите, поради срушениот здравствен систем кој нефункционирајќи доведува до клинч помеѓу пациентите и вработените во ресорот, а тоа лесно се пресликува на улиците. А неодамнешната практика од протестите, покажува дека токму овој ресор може да влијае врз целокупното владеење.
#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥“
: Добар ден Влада на Република Македонија и премиере Zoran Zaev. До каде сте со поставувањето министер за здравство и…
Posted by Ognen Janeski on Tuesday, November 14, 2017