3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Македонија на последно место според просечната плата во регионот

Македонија се наоѓа на последното место, со најниска просечна плата во регионот, со само 363,80 евра, а највисоката и лидер во регионот е Словенија со 1.020,40 евра.

Просечните плати во останатите држави во регионот за минатата година изнесувале:
Хрватска 749,70 евра, Црна Гора 503 евра, Босна и Херцеговина 428 евра и во Србија 369,70 евра.

Во Словенија пак и покрај тоа што е најголема просечната плата, во 2016 година била помала за 15,2 евра во однос на 2015 кога изнесувала 1.035,60 евра.

Во Македонија, просечната плата во 2016 во однос на 2015 е за 9,20 евра помала. Просечните плати се намалени и во Босна и Херцеговина за 2,5 евра и Хрватска за 12,3 евра.

поврзани објави

Последни објави