Поранешниот напаѓач на Јувентус Фабрицио Раванели искажа мислење по прашањето кој треба да застане на чело на италијанската репрезентација по неуспехот во светските квалификации и оставката на досегашниот селектор Џан Пиеро Вентура.
“Јас сум за враќање на Антонио Конте. На каков било начин ќе се обидам да го убедам да го преземе тимот уште еднаш, бидејќи направи прекрасни работи. Конте е иноватор и знае како да го постигне подмладувањето на составот. Така направија во Германија и ние треба да земеме пример “, рече Раванели кој беше соиграч со актуелниот менаџер на Челзи во Јуве.
Под раководство на Конте Италија стигна до четвртфиналето на Евро 2016, но отпадна на пенали токму од Бундестимот.