Рускиот претседател Владимир Путин, синоќа телефонски разговарал со лидерите на проруските бунтовници во Украина за можна размена на заробеници со Киев. Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин и проруските бунтовнички лидери разговарале за иницијативата на Виктор Медведчук за размена на заробеници меѓу Украина и „народните републики Доњецк и Луганск“. Претходна размена на заробеници се случи во септември 2016 година, кога четворица бунтовници беа разменети за двајца припадници украинската војска.