Еден од иницијаторите за внатрешни реформи и демократизација во ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески во изјава за порталот „Поглед“ вели дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен обединувачки, а не приватен конгрес, од кого, според него, најмногу ќе изгуби токму партијата.
Постизборниот период отвори друга димензија на состојбите во нашата партија. Всушност, таквите случувања беа познати за нас внатре во ВМРО ДПМНЕ, но сега станаа познати за целокупната јавност. На Македонија и треба силно ВМРО ДПМНЕ, особено во период на големи одлуки. Партијата мора да учествува во истите. Патриотска должност е да се преземе одговорност за состојбите во земјата. Во таа насока, задржувањето на статус кво во ВМРО ДПМНЕ, не е штетно само за партијата, туку и за државата. Киднапирана партија продуцира киднапирана држава, без разлика за која партија да зборуваме. Демократска партија продуцира демократска држава. Едноставно, нужните демокртски промени во ВМРО ДПМНЕ не се проблем само за членовите, туку на сите граѓани на РМ и на меѓународната заедница.
Штетата која сите ние ја трпиме од тврдоглавоста на Груевски, ја трпат и нашите најблиски од партијата, но истата се одразува на квалитетот на управувањето на цела држава. Изборот е едноставен, или ВМРО и Македонија или Груевски! Трето нема.