Воспоставувањето на систем за заемното признавање на професионалните квалификации за вршењето на регулираните професии е од особено значење бидејќи овозможува вработување во рамки на ЕУ согласно со стекнатите квалификации, вршење стопанска дејност, односно давање комерцијални услуги, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска на завршната конференција во рамки на проектот на Европската унија за имплементација на законодавството за заемно признавање на професионалните квалификации. Покрај подготвените документи во согласност со директивите на ЕУ, во рамки на проектот е развиено и софтверско решение и база на податоци за заемно признавање на професионалните квалификации. Претставникот на ЕУ Вирве Вампари рече за да се постигнат заложбите за хармонизирање со европското законодавство потребна е посветеност на сите релевантни институции.