Времето денес ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови на земјата. Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од седум до 13. Во Скопје ќе биде облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени. В недела ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник претпладне кога ќе дува засилен северен ветер и ќе предизвика значителен пад на температурата.