Sun. Oct 1st, 2023

Ракометната репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз на овогодинешното Светско првенство во Франција, откако Словенија ни одржа добра ракометна лекција, совладувајќи ја нашата селекција со 29:22 (16:10).

Словенците го отворија натпреварот, но потоа нашите ракометари успеаја да поведат на 2:1, а тоа беше и единствената предност која што ја имавме на овој натпревар. Брзата транзиција на словенските ракометари беше пресудна за нашата одбрана, па на полувреме заминавме со негатива од 6 голови, односно 16:10 во полза на Словенија.

Фантастичните одбрани на на словенскиот голман Скок, не дозволија нашите ракометари да ја анулираат предноста на Словенија, а најголемата предност која ја имаше селекцијата на Веселин Вујовиќ, изнесуваше +9. Конечниот резултат на семафорот беше 29:22 за Словенија.

Најрасположен од нашиот состав и овој пат беше капитенот Кирил Лазаров, кој постигна 9 погодоци, Стоилов стрелаше три пати, а Дрогришки трет стрелец со два погодоци.

Македонија во среда ќе се соочи со селекцијата на „Црвената фурија“ со почеток од 20:45 часот.

By D.S

Leave a Reply

Your email address will not be published.