Сите со нетрпение очекуваме Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО, но и да постигне видлив напредок на патот кон европската интеграција, порача денеска во Скопје претседателот на Албанија, Илир Мета, по средбата со неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Македонскиот претседател посочи дека Албанија и Македонија заедно почнале на патот кон НАТО, но откако Албанија стана членка, Македонија сега очекува нејзина поддршка во тој процес. Во врска со можностите за зближување на народите на двете земји, но и на бизнис заедниците, според Иванов, неопходно е инфрастуктурно поврзување.