Проблемите за лидерот на “Националниот фронт” во Франција Марин Ле Пен продолжуваат. Ле Пен ги обвини банките за затворањето на нејзините сметки и сметките на нејзината партија. Според Ле Пен тоа е обид да биде замолчена партијата “Национален фронт”.
Таа ја обвини “финансиската олигархија” дека се обидува да ја “задуши” политичката опозиција и демократијата.
Таа додаде дека нејзината партија ќе поднесе жалба против Сосиете Женерал и нејзината подружница Кредит ду Норд. Таа исто така ќе поднесе тужба против банката HSBC , поради затворањето на нејзината лична сметка.
Во Франција банките имаат право да ги затворат сметките со претходно известување и не треба да објаснуваат зошто го направиле тоа. Ле Пен потроши 12,5 милиони евра само на претседателските избори. Приврзаниците на партијата се бараат стартирање на онлајн кампања за да донираат пари директно пари за партиската каса.
Ова не е прв удар против Марин Ле Пен по загубата на претседателските избори оваа пролет. На почетокот на ноември, нејзиниот имунитет беше одземен откако објави фотографии од убиства извршени од Исламската држава. Причината за обвинението против неа е самата природа на снимањето, определена како екстремна и исполнета со експлицитно насилство.