2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Работна посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Соединетите Американски Држави

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 29 ноември 2017 во Вашингтон ќе учествува на конференција во организација на Атлантскиот совет на САД насловена: “A Coming Storm? Shaping a Balkan Future in an Era of Uncertainty” („Следната бура? Обликување на балканската иднина во ера на неизвесност“).

На Конференцијата ќе земат учество министрите за надворешни работи на балканските земји и повеќе од стотина учесници и експерти од двете страни на Атлантикот. Учесниците ќе разменат мислења во насока на генерирање нови идеи и предлози за забрзан пат на балканскиот регион кон трансатлантската заедница, и поттикнување засилена поддршка за политиките на земјите во Соединетите Американски Држави.

Министерот Димитров ќе се обрати на панелот “NATO in the Balkans: Securing the Frontiers of Europe in Turbulent Times” („НАТО на Балканот: Обезбедување на границите во турбулентни времиња“).

За време на работната посета на Соединетите Американски Држави, на 27 и 28 ноември, министерот Димитров ќе оствари средби со високи претставници на американската администрација, Стејт департментот, Конгресот на САД и тинк тенк заедницата, како и со македонската дијаспора во Вашингтон.

поврзани објави

Последни објави