Бугарската Православна Црква ќе помогне во признавањето на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија.
Бугарскиот синод донесе одлука според која БПЦ ќе преговара со другите православни цркви за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква. Бугарската православна црква ќе преземе се што е потребно за воспоставување на канонскиот статус на Македонската православна црква, соопштија од Светиот синод.
“Бидејќи Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква за своја црква-мајка, Бугарската православна црква со свест за својот свештен долг ја презема обврската да посредува и да се залага пред помесните Православни Цркви, за воспоставувањето на канонскиот статус на МПЦ”, се вели во соопштението на бугарскиот Синод.