fbpx
11.8 C
Skopje

Најмалку 10 години затвор за уапсените утринава според членот 313 од КЗ

АКТУЕЛНО

Најмалку десет години затвор предвидува членот 313 од Кривичниот законик на Република Македонија за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, за што Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција гони 36 лица во врска со настаните на 27 април во Собранието на Република Македонија. Членот 313 од Кривичниот законик на РМ предвидува, тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -