14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Милан под водство на Гатузо: Двајца во шпицот, бистра галва, светиот грб на дресот и пораз како „погреб“ – Тоа е во гените на Милан

Нов тренер, нова личност, нов смисол за игра. Дали Милан ќе игра подобро? Останува да видиме. Дали ќе игра поборбено? Во тоа нема сомнежи. Џенаро Гатузо е промовиран како нов тренер на Росонерите, кој ќе се обиде да ги препороди и да ги извлече од прилично лошата ситуација во која се наоѓаат на почетокот од оваа сезона.

Како тренер се камелеше во Пиза. Минатото лето го превзема младиот тим на Милан. Тогаш најверојатно и самиот бил свесен дека нема да се задржи предолго, па по примерот на Сидорф и Инзаги да добие шанза за нов предизвик.

Сега кога ја доби довербата нема намера да ја прокоцка, туку посакува својот поранешен клуб да го врати на елитните патеки.

„Ова е важен ден. Голема одговорност. Работата ќе биде тешка, во тимот има многу националности, просечната возраст е 21 година. Минуваат низ тежок период, но се може да се постигне со добра работа. По мое мислење, овој тим може да изгледа доста силно“, изјави Гатузо на првата прес конференција.

Нема менување на формацијата, Милан ќе продолжи да игра во 3-4-3 или 3-4-1-2, но изгледа со многу повеќе карактер.

„Ќе играме со тројца во одбрана. Имам одличен однос со Монтела, иако нашите концепти се различни. Тој сака игра со топка, што ми се допаѓа, но мора да бидеме подиректни. Одбраната со тројца дефанзивци и четворица во средината е загарантирана. Ќе видиме како ќе изгледа нападот. Осеќам исти емоции како кога бев играч. Кога дојдам во Миланело се осеќам како да сум на небото. Ја сакам мојата работа и ја работам посветено. Тренирање на овој клуб е голема привилегија“.

Доста поважно од системот на играта да се врати самодовербата во екипа која го има загубено целиот тимски дух.

„Овој тим може да постигне повеќе. Мораме да станеме тим и на теренот да излеземе како тим. Да докажеме дека сме спремни да бидеме единствени. Потребен ни е борбен дух, но тоа нема да биде доволно, затоа што мораме да покажеме и квалитет. Во овој момент не ја гледам табелата, ќе одиме ден по ден. Следниот меч против Беневенто мора да биде како финале на Светско првенство. Мораме да бидеме свесни, на момците морам да им дадам нешто повеќе на ментално ниво. Тоа е приоритет“.

Многумина сметаат дека Гатузо секогаш зборува како човек кој игра и работи со срце, но тој смета дека тоа не е неговиот единствен адут.

„За натпреварите не можете да се припремате само со желба и борба. Потребно е и многу знаење. Не ми ја дадоа туку така лиценцата за тренер, морав да учам за да ја добијам. Овде во клубските постории има многу фотографии, кои не подсеќаат дека овој клуб има богата историја. Не можеме да ги заборавите гените на Милан, мораме да ги почитуваме правилата и да бидеме спремни да се жртвуваме“.

Еден од првите луги кои му честиташе на Гатузо за новата работа е легендарниот Силвио Берлускони.

„Го познавам добро, но неговиот повик не беше прв кој го добив. Со него разговарав често и кога бев играч. Тој е најуспешниот претседател во историјата на фудбалот. Разговаравме околу тоа да играме со двајца напаѓачи. Тоа е во гените на Милан“.

Една од задачите на Гатузо е враќањето на Леонардо Бонучи на правиот колосек.

„Наш капитен е Бонучи и ќе остане Бонучи. Вчера разговарав со играчите, видов момци со голема желба за работа. Играчите мораат да си помагаат едни на други. Секогаш бев подготвен за своите соиграчи и тоа сакам да го видам и од нив“, додаде Гатузо.

 

поврзани објави

Последни објави