fbpx
12.8 C
Skopje

ВТОРА СРЕДБА: Заев, Груевски, Ахмети и Џафери синоќа кај Иванов разговарале за актуелните случувања

АКТУЕЛНО

Синоќа во „Вила Водно” се одржала средба на која присуствувале претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на ДУИ, Али Ахмети.

Според соопштението објавено на веб-локацијата на Претседателот, средбата се реализира како резултат на претходно започнатите разговори.

Ова е втора средба, откако вечерта на 28 ноември по приведувањето на 36 лица, меѓу кои и 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните во Собранието на 27 април, на средба кај претседателот беа премиерот Заев и Груевски.

За синоќешната средба соопштено е дека „беа разменети мислења за актуелните случувања во Република Македонија и се разговараше за решенија за излез од моменталната состојба на тензичност во државата, а која што предизвикува загриженост кај граѓаните“.

„Соговорниците се согласија дека е неопходно сите чинители во општеството да се насочат кон градење консензус за национален дијалог, во функција на помирување и нормализирање на политичките процеси, како основа за продолжување на реформските приоритети на Република Македонија. За прашањата кои предизвикаа интерес на оваа средба, разговорите ќе продолжат и во иднина“, се вели во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -