Целиот свет денеска ги чекаше резултатите од ждрепката за Мундијалот во Русија, а сега кога се е готово, се собираат впечатоци.
Спрема мислењето на многумина “групата на смртта“ ја доби Хрватска, која во групата Б се најде заедно со Аргентина, Исланд и Нигерија.
Сепак, кога во предвид ќе се земаат две работи, ФИФА ранг листа и математика, сметањето е просто, Србија е таа која ја доби таканаречената “група на смртта“.
Имено, кога ќе се извлече просекот на бодови на ФИФА ранг листата, групата Е, во која се наоѓаат “орловите“ содржи највеќе бодови, може да се заклучи дека тоа е најсилната група на претстојниот Мундијал.
Групата Д, во која се наоѓа селекцијата на Хрватска, се наоѓа на 5 место во овој параметер, со 986 бодови во просек, додека најслабата група ја сочинува Русија, Саудиска Арабија, Египет и Уругвај, со 728 бодови во прсе на ФИФА ранг листата.