fbpx
6.8 C
Skopje

Внатрешната битка за нов лидер на ВМРО ДПМНЕ ќе се води помеѓу овие две имиња

АКТУЕЛНО

По најавата за оставка од претседателското место во ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски, во јавноста односно во медиумите се погласни се шпекулациите дека новиот лидер на партијата ќе падне на изборот меѓу генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и екс министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Како што пишуваат медиумите, аргументите во полза на Мицкоски се дека тој позади себе нема опашки, СЈО за не води никаква истрага, а резултатите во неговото кратко директорување во ЕЛЕМ, се импресивни. Од друга страна, Никола Попоски е еден од луѓето кој би можел да биде наследник на Никола Груевски на чело на партијата. Иако Поповски во минатото негираше дека има амбиции за лидер, сепак неговото име се почесто се споменува во медиумите како нов наследник на Груевски, а главната причина за тоа е што Попоски е политичар прифатлив за меѓународниот, но и албанскиот политички фактор во Република Македонија.

Овие информации и пишувања засега се неофицијални и се базираат на пишувања на повеќе медиуми и разговори кои се водат во јавноста на дебати, дискусии и внатрепартиски разговори меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -