Како што веќе знаеме, фудбалот во Аргентина не е мала работа, а станува збор за страст на навивачите која надминува секаква друга љубов кон спортот. Па како резултат на ова, често се случуваат бројни проблеми, како на трибините така и на теренот, објавува Арена.мк
Пред кратко време, ужасна слика се појави на социјалните мрежи и бргу го обиколи светот. Истата слика доаѓа од втората аргентинска лига од натпреварот помеѓу Јувентуд Пергамино и Индепендиенте.
Откако победата на гостите беше прогласена, навивачите на Јувентуд влегоа на теренот и ги нападнаа судиите, а сликата која се појави ги шокираше сите и им даде идеа околу целиот хорор кој се случил.
Тројцата судии биле претепани и морале да бидат пренесени во болница со тешки телесни повреди. На сликата подоле може да се види Бруно Амикони, кој седи во бањата во соблекувалната облеан во крв и во полу свесна состојба, погледнете.