Како што поминува времето, фудбалерите на Барселона се навикнуваат на животот без Нејмар и во еден глас повторуваат дека играат како препородени.
Почна Меси кој изјави дека сега екипата е насочена кон одбраната и затоа бележи добри резултат. Продолжи Иван Ракитиќ.
“Имавме повеќе талент кога Нејмар беше тука, можеби тоа ни недостасува во моментов. Но, во принцип, функционираме одлично без него, го сменивме системот и сега сме побалансирани во односот напад и одбрана иако има уште работи кои можеме да ги подобриме”, изјави Ракитиќ.
Во првите 16 настапи за ПСЖ, Нејмар постигна 15 гола и 11 асистенции, но има проблем со дисциплината и мотивација во неквалитетното француско првенство.
Извор – СпортКлуб