Еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески во вечерашното гостување на Канал 5 во „Само вистина“ имаше дуел со политичкиот аналитичар Александар Пандов.
По обвинувањата на Пандов дека Богојески десет години имал бенефити од партијата и благодарение на неа го зголемил својот имот, Богојески одговори дека Пандов е манипулатор кој сменил пет партии во текот на својата кариера.
Ти беше еден од основачите на земјоделска партија, беше дел од ВМРО НП, имаше политички промашувања. Секогаш кога ќе се појавиш до некој лидер тој завршува со неговата кариера, рече Богојески.
Вие ја изместивте матрицата на партијата, ја доведовте Македонија да биде презентер на југсловенизмот во Македонија, додаде тој.
„Само вистина“ со Александар Пандов и Петар Богојески – Оставка на Груевски
Posted by Канал 5 Телевизија on Friday, December 1, 2017
Богојески вели дека на Никола Груевски му биле дадени 1000 шанси и гратис поддршка како на никој досега. Сега Никола Груевски ја сноси одговорноста за неговите промашувања. Богојески вели дека во 2003. тој застанал зад Никола Груевски за претседател на партијата.