fbpx
19.8 C
Skopje

Љ. Георгиевски: Во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има барем 7 до 8 луѓе кои во мое време се декларираа како Македонски Бугари

АКТУЕЛНО

Со договорот се отворија врати кои беа долго време затворени. Од моето заминување од 2002 година односите меѓу Македонија и Бугарија беа замрзнати. Посебно убаво е што овој договор го прави партија која јас додека бев премиер беше доста антибугарски настроена. За жал, партијата која јас ја основав се претвори во најголемата антибугарска партија. Во раководството на таа партија има барем 7-8 луѓе кои во мое време се декларираа како големи пријатели на Бугарија, и не само како пријатели на Бугарија, туку се чувствуваа како македонски бугари. Меѓутоа, за жал, нивните говори, нивните настапи, беа најголемите антибугарски говори. Тоа го прават поради својата кариера, заради општата атмосфера да се допаднат на некои структури кои се пројугословенски во Македонија, вели претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во гостувањето во „Панорама“ на БНТ.

Запрашан за најавата на Груевски за негова оставка, Георгиевски рече дека ова не е формален чин на оставка. Ова е само најава, не е формално завршен чин. Георгиевски уште еднаш го повтори својот став дека го поздравува потегот на БПЦ за застапување на македонската православна црква.

Екс премиерот на Македонија потсети дека иницијативата за признавање на МПЦ-ОА од БПЦ потекнува од негово време кога со господинот Костов беа потпишаните првите декларации.

Тој потсети на декларацијата меѓу Бугарија и Македонија потпишана во време кога тој беше премиер на Република Македонија.

Кога станува збор за договорот многу е важно да се решат некои прашања за иднината. Уште на времето, ние со Костов почнавме два гранични премини нови да правиме, но до денешен тие не се отворени. Меѓу Македонија и Бугарија сеуште има само три гранични премини и тоа од времето на бивша Југославија. Кога ќе дојде празник луѓето чекаат по два часа да идат на туризам во Банско, Боровец или на слично место. Многу е важна денешната комуникација. Реално денеска македонецот и бугаринот тешко наоѓаат простори кај што тие ќе седнат и ќе зборуваат за најразлични теми. Како што во Македонија има 20 српски телевизии, зошто да не се гледаат 5 бугарски телевизии во Македонија? За мене е многу поважно тие елементи да се усогласат, а прашањата за историја тие едноставно да се остават спонтано да си течат.

Георгиевски уште еднаш го повтори својот став дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ. Според него, овие проблеми со владата на Груевски беа ненадминливи, додека со новата влада гледа решителност овие прашања конечно да бидат решени.

Целиот разговор од интервјуто ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -