6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Бошковски: Груевски во својот последен обид за спас беше подготвен да ја втурне Македонија во граѓанска војна

Во овие 7 болни години како политичка сила постоиме затоа што го почитуваме поединецот, затоа што луѓето веруваат во нас. Постоиме затоа што сакаме да ги вратиме вредностите на ВМРО, вредности кои злоупотребени од еден режим, кој се служеше со методи познати од минатото. Го вратија тоталиризмот во Македонија 11 години.

Во овие 11 години Македонија живееше во шепот и страв. Тој се инсталираше во државата како начин на живеење. Новинарите и граѓаните се поделија на подобни и неподобни. Новинари кои не ја зборуваа вистината и беа полтрони режимски а преку тој начин станаа богаташи.

Груевски успеа да го подели македонскиот народ, вели Бошковски додавајќи дека Никола Груевски во својот последен обид за спас бил подготвен да ја втурне Македонија во граѓанска војна.

Ова го кажа Љубе Бошкоски на отворањето на новиот штаб на Обединети за Македонија во Крива Паланка.

поврзани објави

Последни објави