Минатата година го решија затајување на данокот во Шпанија, а сега Лионел Меси и неговото семејство се соочуваат со нов проблем. Овој пат во прашање е братот на аргентиснкиот фубалер, Матијас.
Откако летово со новото Ауди се заби во камион и мина без поголеми повреди, Матијас повторно привлече внимание. Овој пат со својата јахта се заглавил во песочен гребен.
Братот на Меси одново се спаси, мина без сериозни повреди, но како што најавуваат тамошните медиуми, тој ќе има голем проблем со аргентинската полиција, која пронашла оружје.
Матијас и претходно беше осудуван за поседување на нелагално оружје, токму затоа по новиот инцидент ќе се соочи со жестока казна.