Поранешниот министер за образование од Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998-2002 година, универзитетскиот професор Ненад Новковски во изјава за „Поглед.мк“ вели дека предлогот на Стојанче Ангелов за Љубчо Георгиевски како нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, претставува значен позитивен сигнал за почеток на разрешување на кризата во десницата.
„Посочувањето на поранешниот долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, е првиот јавно изнесен предлог за нов лидер за којшто предлагачот смета дека ги исполнува барањата што се наметнуваат во овој момент за ваквата крајно значајна задача. Ова е во насока на моите укажувања да се излезе со конкретни предлози коишто ветуваат тежина неопходна за справување со тешките задачи коишто постојат пред десницата.
Предложеното решение може да биде основа за спроведување на тешките промени што мора да се случат во десницата со цел таа да се врати на вистинскиот пат. Има да се изоди уште многу долг пат, но ова е првиот чекор во вистинската насока, смета Новковски.