fbpx
8.8 C
Skopje

ЦРКОВНИ ПРОБЛЕМАТИКИ, МАКИ ГОЛЕМИ

АКТУЕЛНО

Македонија веќе подолго време се соочува со една дебата која со начитан и просветен народ немаше ни да ја води, а тоа е прашањето на црквата, односно одлкуката на МПЦ да побара од БПЦ да биде нејзина црква-мајка, со што конечно ќе се исправи една од најголемите неправди извршени кон еден православен народ.

Посебно радува што и РПЦ ја призна на УПЦ, па прашањето околу МПЦ останува единствено покрупно прашање за независност на одредена црква во православието, нешто за кое ние веќе пола век чекаме да се реши.

За жал нашиот народ наместо да ја препознае шансата за своето црковно возвишување, тој плука и пцуе кон тој што сака да ги возвиши, а го брани тој што во него гледа свој роб.

Ајде да посочиме малце историја која е многу интересна, по војната помеѓу Василиј Втори Македонецот и Цар Самуил, со победата на Василиј Втори Македонецот тој издава наредба со која го променува името на Охридската патријаршија  во Бугарска автокефална архиепископија  со седиште во Охрид.

Титулата која ја носеле архиепископите била , архиепископ на прва Јустијана и цела Бугарија.

Како што на сите ние познато Архиепископијата  во 1767 година   е присоединета кон Царигарадската патријаршија, со што оваа прва етапа од нашата црковна приказна завршува.

Новата црковна приказна започнува во  1870 година  со создавањето Бугарската егзархија, црква која пробива со голема сила во Македонија, а православните верници во Македонија во огромен број се присоединуваат кон неа.

Во Македонија во 1870 година и годините потоа,  доаѓа до вистинска црковна револуција, цркви се градат речиси во секое населено место, конечно има црква која  на јазикот на самите жители на Македонија го воспева и слави името на Бога.

Во периодот по 1890 година , бугарските училишта ги отвараат вратите за македонските учители, за тие да можат, таму да ја пропагираат идејата за автономна Македонија, па преку нивното предавање и дружби со децата  да создаваат и градат нови револуционери и борци кои учебниците ќе ги заменат со пушка, а молитвите со револвер и кама.

Гоце Делчев и Даме Груев се имаат запознаето токму во едно од тие црковни училишта на бугарската црква, по што Македонија го добива својот апостол на слободата, а организацијата во своите редови го привлекува својот најголем син.

Е за разлика од бугарската, во другите цркви идејата за автономна Македонија била забранета, а нивната основна црковна дејност била кон асимиирање на населението во Македонија, како и издавање на македонските револуционери и борци.

Балканските и Првата Светска војна носат поделба на Македонија територијално, но духовно Бугарската црква е единствена која има право за духовна работа на територија на Вардарска Македонија.

Се до 1922 година, кога спротивно на сите православни и религиски канони, со она што во самите свети книги е забрането во религијата, а тоа се парите, Српската црква го купува правото на делување во Вардарска Македонија од Цариградската патријаршија со 1,5 милиони франка.

Идејата за создавање на МПЦ доаѓа од бугарските свештеници во Македонија во 1945 година, и тоа е факт кој не треба да се прекрива.

Е сега да ги погледнеме двете засегнети цркви околу МПЦ, а тоа се СПЦ и БПЦ.

СПЦ не ја признава МПЦ како дел од својата националистичка идеологија, која ги смета Македонците за Срби со говорна бугарска мана.

При враќањето на Русите во Одеса, првата порака на следбениците на политичката идеологија на СПЦ беше отпоздравувањето со изразена надеж дека тие ќе се вратат на Бистрица и Дрим.

Знаете кај е Дримот, и запрашајте се дали таа е света српска земја ?

Од друга страна ја имаме БПЦ која има историско право да води битка за да ги врати под своја јурусдикција диоцезите во Вардарска Македонија, со еден непобитен арумент , дека купопродажбата е против сите црковни и хрисијански начела, кои не учат на љубов и почит , а најважно од се против продавањето  на својата душа  и вера, како направиле Српската црква и Цариградската патријаршија 1922 година.Наместо тоа , тие се решаваат да ја почитуваат вољата на Македонците, да имаат своја Македонска Православна Црква.

И сега драги Македонци, што сакате вие да бидете, дали сте Срби со говорна мана предизвикана од насилна бугаризација или сте горди Македонци со своја црква, потомци што гордо ги слават своите борците за слобода, кои својата идеја ја создале и израснале  во училиштата на бугарската црква ?

Пишува: Ојнак

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -