Иницијативниот одбор за формирање на политичката партија ГДУ – Граѓанска Демократска Унија денеска во Хотел Мериот ја оддржа својата прва прес-конференција на која ги образложија своите основни принципи за кои ќе се залагаат во иднина.
Д-р Енсер Јусуфовски ја отвори конференцијата.
Новата партија, како што објавуваат самите тие, ќе биде составена од личности кои некогаш веќе функционирале во политичкиот живот, но и од луѓе кои претходно никогаш и не пројавиле интерес да бидат дел од нечија политичка структура.
Прв говорник на денешната промоција беше веќе екс претседателот на МБП (Македонско-Бугарско пријателство) Петар Колев, кој во кратки црти се обиде да и ја долови суштината за формирање на политичката партија, нивните идеи и принципи за кои ќе се залагаат како политички субјект во општеството.
Покрај Колев, како други звучни имиња беа забележани некогашниот претседател на ВМРО НП Ѓорѓи Трендафилов кој истотака имаше свое излагање на прес-конференцијата, М-р Александар Попоски кој неодамна ја промовораше својата забранета магистратура, под форма на книга посветена на приватизацијата во Македонија и криминалот од тој период.
За ова повеќе во следниот ВИДЕО прилог на „Поглед“ кој ќе биде објавен наскоро..