До 2 дена Бугарија и Србија ќе потпишат Меморандум за намалување на тарифите за роаминг. Затоа денеска разговарале двајцата премиери Бојко Борисов и Ана Брнабиќ.
Развојот на инфраструктурните проекти меѓу Бугарија и Србија ќе помогне за поврзување на целиот регион, коментирал Борисов за време на средбата, соопштија од бугарската Влада.
Брнабиќ е во Бугарија за работната средба на лидерите од земјите од Западен Балкан.
Двајцата премиери посочиле како приоритети изградбата на гасоводната врска меѓу Бугарија и Србија, завршувањето на автопатот Ниш – Софија и електрификација на пругата Ниш – бугарска граница.
Тие се согласуваат дека модернизацијата на пристаништето во Брчко на р. Сава ќе донесе големи економски придобивки не само за двете балкански соседи, но и за цела Европа.