Путин бил дете, што пораснало во типичен советски стан-комуналка (гарсоњера). Тој бил бујно момче кое сонувало да стане воено лице или пилот, и затоа напорно тренирал боречки вештини, а еднаш дури влегол во една канцеларија на КГБ и прашал како може да стане шпион.
Како лидер на Русија во 21 век тој, ќе остане запаметен највеќе со : неговото учество во војната против чеченските бунтовници, ја раководеше анексија на Крим, а сега се тврди дека стои зад една масовна и тајно кампања за поткопување на американската демократија.
Неговото соопштение дека ќе се кандидира за четврти мандат како претседател, доаѓа доста подоцна – малку повеќе од три месеци пред изборите на 18 март, но неговата одлука не е изненадување за никого. Во овој случај, човекот и неговата функција не можат да се разделат.
Како лидер на Русија од крајот на 1999 година (тој ја смени претседателската со премиерската функција за 4-годишен период меѓу 2008 и 2012 година, но и покрај тоа, имено тој беше силната фигура во раководството) на Путин очигледно му се допаѓа да е во центарот на вниманието. Веќе на 65 години, тој веќе ги избегнува вообичаените демонстрации на физичка форма и машкост – пример јавање топлес на коњ, неколучасовни негови годишни конференции и разговори во живо со народот се израз на енергичност и дисциплина. Тој сепак сака да ужива во хокеј на мраз.
Малку политичари, ако воопшто има такви, успевале така брзо да излезат од сенката и да застанат во центарот на вниманието во земјата и во странство. Пред да биде именуван за премиер од претседателот Борис Елцин во август 1999 година, тој ја предводеше Националната служба за безбедност (ФСБ) – една од агенциите наследнички на КГБ, што само по себе не е пост со широк публицитет.
Многу набљудувачи коментираа дека неговата служба за КГБ во Источна Германија. покажува дека Путин не бил многу кадарен како разузнавачки агент. Пред Путин да се појави на сцената претседателот Елцин ги менуваше премиерите со загрижувачко темпо и поранешниот офицер од КГБ можеше да се претвори во „новото момче именувано на неудобна позиција“.
Но уште во првиот месец од своето владеење тој го сврте вниманието кон себе, кога изјави дека „ќе ги брка чеченските терористи до крај“, додавајќи дека „ако ги најде во тоалет, ќе ги напика во wc школката“. Грубиот стил на изразување ја покажува суштината на Путин, формирана во неговата младост.
Веднаш откако го наследи Елцин, неговиот јазик стана попристоен, но неговиот начин на изразување остана бескомпромисен. “Сакам да предупредам дека секој обид да се прекршуваат руските закони … ќе биде смачкан”…
Путин е роден на 7 октомври 1952 година во семејство на работници од Ленинград, сега Санкт Петербург – градот во кој се се уште се живи спомените од ужасните страдања за време на близу 900-дневната нацистичка блокада во Втората светска војна. Еден од постарите браќа на Путин починал од дифтерија за време на блокадата, а другиот починал неколку месеци по раѓањето. Според “Прво лице” – книга со интервјуа на Путин објавени откако тој стана претседател, шефот на Руската федерација и неговите родители живееле во скромна гарсоњера.
Путин вели дека во одговор на овие тешки околности станал дете- “хулиган” – едно од ретките во училиштето кое не било прифатено за пионерче. Тој успева да ги скроти агресивните нагони преку џудото- спорт кој го практикува со огромно задоволство.
Како тинејџер Путин аплицира за работа во КГБ – веројатно повеќе од авантуризам, отколку од идеолошки причини, и успева да стане дел од безбедносните служби откако завршува право во Ленинградския универзитет во 1975 година
Работи во контраразузнавањето, ги надгледува странците во Ленинград, а во 1985 година е испратен во Дрезден. Се вратил во Ленинград во 1990 година и почнал да работи во тимот на градоначалникот Анатолиј Собчак. Го напушта КГБ година подоцна, на вториот ден по неуспешниот обид за државен удар против советскиот лидер Михаил Горбачов, кој беше поддржан од КГБ.
Во 1983 година Путин се жени за Људмила Скребњова – стјуардеса во Аерофлот кој потоа станува универзитетски професор по германски. Триесет години подоцна двајцата се појавуваат на државната телевизија и во навидум случајно интервју и го објавуваат дека се разведуваат, со образложение дека Путин е премногу оддаден на работата, за да биде грижлив сопруг.
Иако гласините за негов флерт со убавата гимнастичарка Алина Кабајева, Путин си има изграден образ пред јавноста како воспитан и воздржан човек. Ретко може да биде виден со чаша вотка или друг жесток пијалок, бидејќи најсилниот човек во Русија, практично не пие.
Иако некои тврдења дека има собрано огромно богатство, тој не покажува вкус кон раскошот. Во моментот тој е човек во третата доба, кој никако не може да го скрие своето минато, на бујното дете од соседството.
(Според материјали на странски медиуми)