Језива сцена се случи во Лас Вегас во мечот меѓу Стефан Смит и Франциско Варгас. Имено, мексиканскиот боксер со удар го преполови увото на противникот. Крвта се слеваше на телото на Смит, кој несвесен што се случи сакаше да ја продолжи борбата. Сепак, се испречи судијата, го прекина мечот и ја прогласи победата на Варгас. Смит заврши во болница каде што раната му е зашиена, па се надева на брзо опоравување.