Вчера на Народниот правобранител му укажале на нивното видување за прекршување на сите законски постапки и процедури околу начинот на кој што се води истрагата и начинот на кој што се спроведуваат сите предистражни постапки околу настаните на 27 април.
Денеска, како што кажа Манојлоски, имале средба со политичкиот претставник за правни работи на ОБСЕ, Џеф Били и директно го запознале со нивните забелешки околу кршењето на човековите права на сите лица кои што се засегнати и обвинети околу настаните за 27-ми април. Исто така, искажале и голема загриженост поради состојбата на еден од притворените кој што штрајкува со глад веќе седми ден и за кој што имале неофицијални сознанија дека неговата состојба не е воопшто добра.
„Се надеваме дека СДСМ ќе ги увиди своите грешки и ќе почнат соодветно да го спроведуваат законот во Република Македонија, а не да го прават тоа како што го прават во моментот, со класичен политички реваншизам, демонстрирање на сила и силување на институциите“, изјави Манојлоски.
ВМРО-ДПМНЕ, според него, има забелешки и околу кршењето на сите правни процедури и кршењето на полициската процедура при приведувањето на пратениците без претходно да биде соодветно правно постапено, односно да не е свикана седница и не е одземен нивниот пратенички имунитет согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија.